Производителот на суперавтомобили од Шведска „Коенигсег“ одлучи да ангажира нов главен дизајнер кој ќе има познавања од стилизирање на суперавтомобили.

Станува збор за Александар Селипанов кој во својата богата иторија бил задолжен за екстериерот на автомобилите Бугати.

Го стилизирал „Широн“, а пред тоа работел за Ламборгини каде помогнал во дизајнот на „Хуракејн“.

Пред да замине од Волксваген групата и неговите егзотични брендови, Селианов работел за Хјундаи Генесис.

На својата нова позиција официјално ќе застане во октомври.