Компанијата  за козметика Нарс направи ризичен маркетинг на потполно ново ниво.  Оваа компанија која постои 25 години на својата социјална мрежа Инстаграм  ја пушти најновата кампања, односно видео на кое се гледа како се топи кармин со фаличен облик , и на крај има ознака “Кога голотијата ве одржува буден цела ноќ“

Социјалните мрежи експлодираа од коментари, а многумина се изненадени  од маркетинг  кампањата на компанијата.