Немања Гудељ, момчето на Анастасија со подарокот за роденденот успеа да ги допре сите и да ги расплаче.

Тој и подари уметничка слика во техника масло на платно, на која Анастасија е насликана во прегратките на нејзиниот татко Жељко Ражнатовиќ.

Куриозитет е што сликата е направена во реално време, па покрај Таша и нејзиниот сегашен изглед, Аркан е насликан со седа коса и некој вишок брчка, како што најверојатно би изгледалденеска  22 години по неговата смрт.

Уметницата Дајана Ѓачиќ очигледно добро си ја заврши работата бидејќи нејзиното уметничко дело ја трогна не само Анастасија, туку и нејзината мајка и вдовицата на Аркан.

Подарокот на Немања ме расплака и ме допре во исто време. Тоа го доживеав многу емотивно, но не би сакала да зборувам за тоа – изјави Цеца.