По тешка борба, на 41 година почина ликовната уметница Андријана Мациевска, ќерката на познатата пејачка и тв-водителка Јулија Мациевска.

Нејзината мајка Јулија пред неколку дена јавно упати апел на социјалните мрежи со цел луѓето да се помолат за влошената состојба на нејзината ќерка Андријана која храбро се бореше со битката со ракот на онкологија.

Андријана Мациевска беше академски сликар, а зад себе ја остави ќерката Стефанија. На социјалните мрежи пријателите и колегите започнаа да се простуваат од неа.