Мајка на деветгодишно девојче го сподели училишниот состав што нејзината ќерка го напиша по трагедиите што се случија во Врачар кога Коста К. уби осум соученици и еден работник од обезбедувањето.
„Деновиве се чувствувам некогаш среќна, некогаш тажна, имам многу променливо расположение“ Од кога се случи трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ се грижам да не се случи во моето училиште. Освен тоа, загрижена сум и за еден член од моето семејство, а тоа е баба ми. Таа веќе има 69 години и се плашам за нејзиниот живот, бидејќи таа е единствената жива од моето постаро семејство. Сè на сè, се надевам дека ќе бидам посреќна. И покрај овие стравови, излегувам со моите пријатели и времето брзо ни поминува. Исто така, кога сум дома играм разни игри“.
Comments are closed for this post.