Младата уметница Моника Ризовска ја одржа и својата петта самостојна изложба насловена како „Vigorous“ во Концепт 37.  Беа изложени над 40 слики со комбинирана техника од масло на платно и акрил, а ние бевме сведоци на одлична дружба исполнета со многу топлина, ведрина и автентичност.

„Vigorous“ е сублимат од инспирацијата од секојдневието, притоа осврнувајќи го акцентот на вибрантна, енергична свежина и спокој преку тиркизните и жолтите бои, а некои од сликите имаа и дополнителна функционалност со додаток на внатрешна амбиентална светлина.

 Секоја слика засебно пренесува убава енергија, ведрина и спокој што во било кој простор освежува и не здосадува, вели Ризовска.

Изложбата е од отворен карактер, а ќе биде отворена до 7ми февруари.