Две песни за 1,5 милиони евра ќе испее Мадона на финалето на Евровизија во Тел Авив. Една од најголемите поп ѕвезди на планетата ќе се појави со две песни на натпреварот чиј домаќин е Израел во мај.

Се пишува дека израелскиот милијардер Силвард Адам на Мадона и дал 1,5 милиони евра за да се појави на најголемото европско и светско шоу.

„Можам само да кажам со голема радост дека има зелено светло за донацијата“, изјави продуцентот Дани Бен Наим.

Милијардерот Адам во Израел живее од 2015 година и финансирал повеќе големи проекти, а еден од нив трката Џиро Д’Италија кој лани стартуваше во Ерусалим.

Мадона последен пат настапувала во Израел во 2012 година.