Со спотот за својата нова песна „Ромео и Јулија“, хип-хоп дуото ДНК, сигурно ќе ја шокира јавноста.

На подлога од модерниот ритам и аранжман, тоа што остава најголем впечаток се максимално разголените девојки што ја „загреваат“ атмосферата, но и уште попровокативните стихови, коишто сигурно ќе треба да бидат цензурирани за да може да спотот да се емитува на телевизија.

Дополнителен момент што му дава атрактивност на спотот е и гостувањето на кошаркарот Перо Антиќ, кој активно е дел од дејствието на спотот.