Со ЕУ може да водиме преговори. Ама преговори да го дадеме Роки – не, Роки не го даваме, рече претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со претседателката на Унгарија Каталин Новак, која престојува во официјална посета на нашата земја, а на која ѝ го покажа миленикот од претседателската вила на Водно.

Станува збор за куче од расата шарпланинец, кое ѝ го покажал само за да го види, како редок вид на раса, специфична за ова поднебје, но не ѝ го подарил.

Моите кучиња би биле љубоморни на Роки. Нема да го примат убаво, се пошегува претседателката која отрки дека дома има две кучиња.