Најбогатиот  брачен пар  во светот, Џеф Безос (54) и неговата сопруга, Мекензи Безос (48), одлучија да стават крај на нивниот брак. Основачот и извршниот директор на Амазон и неговата сопруга објавија дека се разведуваат по 25-годишниот “љубовен период”, а оваа вест го заинтригирана  целиот свет, првенствено поради фактот дека треба да се подели имот во вредност од 140 милијарди долари.

Со оглед на тоа што Безос живее во Вашингтон, законот бара сите средства стекнати за време на бракот да се поделат на половина, оставајќи ги поранешните брачни другари со 70 милијарди долари. Ова правило не се применува ако имаат потпишано претходен договор.

Која е Мекензи Безос, жената  која по разводот би можела да стане “потешка” за 70 милијарди долари?

Мекензи С. Татл е родена на 7 април 1970 година во Сан Франциско, Калифорнија. Нејзиниот татко работел како финансиски советник, додека мајка во тоа време била домаќинка.

Иако е родена  во Калифорнија, Мекензи добила образование на источниот брег. Дипломирала на училиште “, Hotchkiss” во Конектикат во 1988 година, а во 1992 година дипломирала  англиски јазик на Универзитетот Принстон. Интересно е тоа што и  нејзиниот сопруг бил на то  универзитет, но тогаш уште не се познавале

Џеф и Мекензи се сретнале  во Њујорк, додека двајцата работеле за инвестициска компанија Д. Е. Шо. Во едно интервју, Мекензи  кажала  дека Џеф бил  првата личност со која разговара во компанијата. Еден ден таа го поканила  на ручек, а три месеци подоцна тие беа верени .  Таа имала само 23 години кога се венчале. Двајцата се родители на четири  деца.

Иако Безос, по само четири години, стана потпретседател на компанијата, наскоро одлучил да се откаже, бидејќи сакал  да создаде нешто ново на Интернет. Така ја креираше   книжарница на Amazon.com, која потоа стана најголема онлајн продавница во светот.