Откако се дозна дека синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ ќе се жени, српските медиуми ја пронајдоа и мајката на невестата Богдана. Сваќа на Цеца ќе биде Данијела Родиќ. Таа вели дека многу и е драго дека за сваќа има толку позната личност но оти Цеца воопшто не е вообразена и често и се јавува. Даниела има голема желба за свадбата на нивните деца да запее и Цеца.

Пофални зборови има и за зетот Вељко кој често доаѓа во нивниот дом и останува по неколку денови и веќе почнал да се чуствува како дома.