Шверц со дрога и луѓе, војни меѓу банди, наркоманија и проституција, политичка нестабилност и сиромаштија се причините зошто овие градови и области спаѓаат во групата најопасни во светот.
1.Акапулко, Мексико
Во овој град има многу убиства и има огромен конфликт помеѓу полицијата и наркокартелите. На туристите во овој град им се препорачува да не ги оставаат своите храна и пијалаци без надзор бидејќи е голема веројатноста некој да ви стави дрога во нив, а потоа да ве ограби. Инаку Акапулко има 810.000 жители.
2. Сан Салвадор, Ел Салвадор
Сан Салвадор е најголемиот град во државата Ел Салвадор. Овој град е познат по тоа што од него потекнува една од најстрашните банди на светот- „MS-13“. Поради градските банди, бројни граѓани се отселиле од овој град. Инаку само во 2016. година во овој град се случиле 1.483 убиства.
4. Дистрито Централ, Хондурас
Дистрито Централ е подрачје во јужен Хондурас во кое спаѓа и главниот град Тегусигалпа. Како и многу други подрачја во оваа држава, така и ова има претрпено многу насилство. Во ова подрачје живеат околу 1,2 милиони жители а годишно има над 1000 убиства.
5.Матурин, Венецуела
Вториот град по големина во Венецуела, Матурин, има околу 590.000 жители, а се наоѓа на североисточниот брег од оваа земја. Во овој венецуелски град, најголем проблем се насилните банди, политичката корупција и низа други работи…Статистички на секој 100.000 луѓе се убиваат по 84,21.
Comments are closed for this post.