Рашид Сакиќ, кој почина денеска во затворска ќелија, последен пат пред камерите се појави кога неговиот татко Синан почина во 2018 година.

 

 

И покрај тоа што Синан Сакиќ имаше одлични односи со медиумите и секогаш со задоволство зборуваше и даваше интервјуа, неговиот син од првиот брак Рашид предизвика скандал на погребот на неговиот татко. Тој се скара со претставниците на седмата сила, кои се обидел да ги избрка од погребот, додека целата ситуација ја смирувала сопругата на Синан, Сабина.