Еден од најголемите иноватори и научници во историјата Никола Тесла починал на 87 години во Америка, а водел исклучително здрав начин на живот кој го одржал сите тие години.

Како Тесла се хранел и согорувал масти откри директорката на Музејот на Никола Тесла, Ивона Јевтиќ. Таа гостувајќи во емисијата „Мугрите“ на РТВ Пинк откри многу досега непознати детали од животот на Никола Тесла.

Никола Тесла бил посебен човек во секоја смисла на зборот. Сиот свој живот го посветил исклучиво за добробит на човештвото. Сакал да јаде многу здрава храна како што се карфиол и репки. Јадел само два пати во денот. Наутро и навечер стриктно во 18 часот. Сакал да испие и чаша добро вино. Замислете, кафето го избегнувал бидејќи сметал дека не е добар стимуланс на нервите и дека го вознемирува организмот и дека го прави човекот неспособен да биде продуктивен во текот на денот, изјави директорката на Музејт на Никола Тесла, Ивона Јевтиќ.

Таа додава дека тоа што е интересно за неговиот приватен живот е и дека масните калории ги согорувал и исфрлал токсини со тоа што многу пешачел, избегнувал превозни средства и ја користел работата на нозете.