Хрватска се соочува со една од најлошите сезона во последниве дваесет години. Причина за тоа се високите цени како за сместување така и за храна. На социјалните мрежи се појави мени од еден ресторан на Хвар на кој се истакнати цените за појадок.

Па така омлет чини 110 куни односно околу 15 евра, а мусли 16. Исто толку чини и еден обичен тост, а пак јајца Бенедикт чинат 23 евра.

Коментарите се дека со овие цени само се бркаат туристите кои се повеќе ја бираат Турција или Грција за своја летна дестинација.