Скопје го почуствува духот на Баварија. Празникот на пивото кој е карактеристичен за Михнен синоќа се одржа во кругот на скопската Пивара.

Домашни и германски пива, девојки облечени во традицонални баварски носии, задолжителните сендвичи со колбас, компир салата, штрудла со јаболка.. сето ова беше на менито пред посетителите.

И групите кои ги забавуваа гостите исполнуваа германски песни, за се да биде во духот на Германија и Минхен.

Организатор на настанот беше македонско-германската стопанска комора.