Со концерт за паметење кој го приредија членовите на групата „Меморија“, синоќа во Битола заврши битолското кулурно лето „БитФест“.
Во изминатите два и пол месеци на повеќе летни сцени во Битола се одржаа концерти на класична, поп, рок, џез музика, театарски претстави, ликовни изложби, уметнички перформанси, фестивали…
Граѓаните дадоа поддршка на сите манифестации, на 140 настани со повече од 44.000 посетители, 77 денови, 9 фестивали…Почнавме спектакуларно со Каролина Гочева, фасцинантно завршивме со „Меморија“, групата на нашата младост, групата која ја возвишува македонската рок музика, истакна градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на последната фестивалска вечер што се одржа на ракометното игралиште.
За време на сите фестивалски денови, во Битола гостуваа уметници и културни работници од Израел, Полска, Чешка, Швајцарија, Турција, Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија, Полска, Црна Гора, Албанија, Франција…
Comments are closed for this post.