Балканската естрада добро се опари од новогодишната ноќ. Најголемите ѕвезди пееја од Вардар до Триглав за вртоглави суми.Рекордот го срушија Дино Мерлин во Скопје и Здравко Чолиќ во Будва кои добија по 100.000 евра.

На третото место е Цеца која за настап во хотел во Белград добила „само“ 80.000 евра.По 40.000 евра добија Лепа Брена и нејзината снаа Александра Пријовиќ.

Добра пара, 50.000 евра добил и Аца Лукас на Златибор, како и Наташа Беквалац во Виена.