На некои европски аеродроми се укинуваат ограничувањата за носење пакувања од повеќе од 100 мл течност во рачниот багаж. Одредбата најверојатно ќе стапи на сила во 2024 година.
Ограничувањето од 100 мл по пакување во рачниот багаж им го отежнува пакувањето на многу луѓе, затоа што, покрај водата за пиење, тоа важи и за шампони, гелови за туширање, производи за шминка.
Како што беше пропишано во 2006 година по терористичкиот напад на лондонскиот аеродром Хитроу, при секое патување, сите течности дополнително се пакуваат во проѕирни пластични кеси што се затвораат. Освен непријатностите од ваквото пакување на тоалетните и средствата за лична хигиена, повеќето луѓе ги забораваат овие кесички, а различните аеродроми имаат различни прописи за тоа колку треба да биде голема торбата и колкав број на мали шишиња се дозволени во неа.
Поради ова, се создаваат големи гужви и често се отвораат патничкитре куфери за, на пример, дезодоранси или креми, кои не спаѓаат во оваа категорија.
Напредокот на технологијата многу ја олесни безбедносната проверка и можноста да се идентификуваат потенцијално опасните материи, така што сите големи аеродроми во Велика Британија ќе го укинат ова правило во 2024 година.
Багажот ќе минува низ специјални ЦТ скенери кои ќе создаваат 3Д слика, а резултатите од ваквото скенирање се задоволителни и че доведат до укинување на ваквите забрани.
Сепак, и покрај овие измени, другите одредби за ограничување на рачниот багаж ќе останат исти, па така, на пример, останува на сила абраната за патување со остри предмети или поголеми ножици.
Comments are closed for this post.