Друштвото на писателите на Македонија соопшти дека на 76-годишна возраст почина писателот Борис Апостолов, како последица на инфенцијата со корона вирусот. Тој е‭ ‬ ‭поет, романсиер,‬ раскажувач, есеист, литературен критичар. Роден е на 8 август 1944 година во Скопје. Член на ДПМ од 1995 година.

Книжевни остварувања на Борис Апостолов се: поетските збирки ‭„‬Жедна земја“ (1989),„Бела‭ ‬ ‭ ‬сенка“‭ ‬ ‭ ‬(1991),‭ ‬ ‭ ‬„Пишувана‭ ‬ ‭ ‬празнина“‭ ‬ ‭ ‬(1993),‭ ‬ ‭ ‬„Реинкарнирана‭ ‬ ‭ ‬тишина“‭ ‬ ‭ ‬(1999),„Раздробување на зборот“ (2002), „Слики“ (2014); романите „Очи“ (2006), „Мост“ (2006), „Патза‭ ‬ ‭ ‬Манила“‭ ‬ ‭ ‬(2010),‭ ‬ ‭ ‬„Каде‭ ‬ ‭ ‬е‭ ‬ ‭ ‬возачот“‭ ‬ ‭ ‬(2010),‭ ‬ ‭ ‬„Гледач‭ ‬ ‭ ‬на‭ ‬ ‭ ‬сонови“‭ ‬ ‭ ‬(2016),‭ ‬ ‭ ‬„Канал“‭ ‬ ‭ ‬(2016),„Пироман“ (2016).

Автор е и на неколку збирки поезија и раскази за деца:‭ „‬Бело врапче“ (2003), „Необичнипрашања“ (1994), „Стариот бисер“ (2000), „Сите мои занаети“ (2000), „Аз буки веди“ (2009),„Здив на душата“ (1996), „Зои од Андромеда“ (2000).