Британскиот глумец Хју Грант со молба до крадците кои му го обиле автомобилот да му го вратат сценариото кое го земале при грабежот.

На својот Твитер профил синоќа тој напиша дека доколку постои шанса некој да знае кој провалил во неговиот автомобил и ја украл неговата торба, да се обиде да го убеди барем да му го врати сценариото.

Таму било, додава Грант, многу недели вредни „белешки и идеи“.

Познатиот глумец замоли, доколку се пронајде, сценариото да биде испратено до филмска компанија во западен Лондон.

Грант изрази и загриженост за судбината на здравственте книшки на неговите деца.