Српската пејачка Емина Јаховиќ го откачи турскиот милионер, Садетин Саран, но сега медиумите пишуваат дека тие би можеле да се смират. Тие останаа во добри односи и си „лајкаат“ фотографии на Инстаграм.

Емина решила да ја прекине врската кога Садетин и предложил да живеат заедно и почнал за неа да гради дворец на море. Но, откако Емина изјави дека не планира повторно да се мажи Садетин беше многу повреден. Тој тоа го сфати дека Емина не сака да биде со него и да градат семејство што за него е многу важно бидејќи е многу приврзан за фамилијата.