Автомобилската компанија Хонда разви ново предно воздушно перниче чија технологија подобро ќе ги заштитува сите во возилото така што ги намалува повредите на вратот и мозокот во фронталните судири кои се случуваат под различни агли.

Новите воздушни перничиња во возилата на овој производител ќе започнат да се користат од 2020 година.

Хондиниот дизајн ја менува едната преграда на воздушното перниче со дизајн со три комори – централна и две странични.

Новото воздушно перниче е дизајнирано така што треба да ја ублажи и ограничи брзината на движењето на главата на патникот во случај на судир. Новата технологија нуди намалување од 75 отсто од брзината на ротација на главата во случај на судар.

Тука е и намалувањето на ударната сила врз градите на патникот.

Хонда не открива кој модел или кој модели први ќе го добијат новото воздушно перниче, но компанијата соопшти дека нејзината технологија ќе биде достапна и за останатите производители.