Најголем број  од богатите  деца во светот се здобиле со своето  богатство со раѓање, односно се исклучиво деца на славни и богати родители.

На врвот на листата на најбогати деца во светот во 2019 година е принцот Џорџ  Александар Луис, познат и како принцот Џорџ од Кембриџ, чие богатство се проценува на повеќе од една милијарда долари. Роден на 22 јули 2013 година, младиот принц е член на британското кралско семејство и е трет по ред што го наследи британскиот престол.

За своето богатство тој може да им се заблагодари на правата што ги стекнал при раѓањето заради неговата позиција во кралското семејство. Тој е најстариот син на принцот Вилијам, војводата од Кембриџ и Кејт, војвотката од Кембриџ.

Неговата помлада сестра, принцезата Шарлот, се смета дека има нето вредност од околу 1 милијарда долари.

На второто место со милијарди долари богатство е Фиби Адел Гејтс, ќерка на Бил и Мелинда Гејтс, која не е во центарот на вниманието и нема многу информации на Интернет. И покрај тоа што е најмало  дете, се шпекулира дека таа ќе стане најголем наследник на богатството по смртта на нејзините родители и се проценува дека ќе наследи повеќе од 1 милијарда долари.

Ќерката на Бијонсе у Џеј Зи, Блу Ајви Картер е веќе многу богата и нејзиното богатство продолжува да расте, со што стана трето најбогато дете.

Со 800 милиони долари, Сури Круз се најде на четвртото место, а благодарение на родителите на славните Кејти Холмс и Том Круз, го помина најголемиот дел од животот во центарот на вниманието. Таа е придружена со папараци, а модните списанија веќе пишуваат за нејзиниот стил.

На петтото место се Нокс Jоли Пит и Вивиен Jоли Пит, кои се богати благодарение на работата на нивните родители Бред Пит и Анџелина Џоли. Нивните родители го зголемија богатството на своите деца со продажба на споделени фотографии, па нивното богатство сега се проценува на 200 милиони долари.

Близнаците на Џенифер Лопез и Марк Ентони се рангираат на шестото место на листат на најбогати деца со 200 милиони долари. Уште од своето рагање медиумите постојан ги следат близнаците, а нивната мајка и н атаму е една од најомилените познати личнности во Америка

Шон Престон Федерлин е најстариот син на Бритни Спирс и Кевин Федерлин, а Џејден Џејмс  е неговиот помлад брат.
Комбинираната нето вредност на браќата се проценува на 200 милиони американски долари и се најде на седмото место. Ова во најголем дел се должи на богатството на нивната мајка, но дуото исто така заработи пари од нивните настапи во списанија и на телевизија.

Децата на Ким Кардашијан и Канје Вест вредат 100 милиони долари и се рангираат на осмото место на листата на најбогати деца.Оваа бројка има потенцијал за раст со оглед на тоа што родителите на децата се едни од најпознатите парови и се среќни што започнале со бројни деловни потфати.

На деветтото место е ќерката на актерката Скарлет Јохансон и нејзиниот сопруг, францускиот новинар Роман Доријац, со 100 милиони долари.