Патникот низ времето, кој себе си се претставува како Ное, и кој заради своите настапи неколку пати доживеал сериозни напади, повторно ја заинтригира јавноста со своите предвидувања. Според него тоа и не се предвидувања, туку реални настани кои тој веќе ги видел.

До сега многу од тоа што го кажал се потврдило за точно. На пример дека на почетокот на годинава САД ќе се соочат со екстремна зима, која е регистрирана за најстудена до сега. Значи погодено. Ное, вели дека почетокот на годината ќе биде полна со информации за НЛО-а, што и тоа се потврди.

Сега уште поинтригантни настани во иднината, односно до 2030 година, годината од која ни доаѓа Ное.

Веројатно Американците ќе се шокираат – Доналд Трамп за 3 ноември 2020 повторно ќе биде избран за претседател. Во годините што следуваат Велика Британија ќе доживее големи потреси, а во 2030 повторно ќе се врати во ЕУ. Но, во 2030 ЕУ ќе бидат Европски Соединети Држави, еврото и фунтата нема да бидат во употреба, туку ќе има нова валута.

Во ноември 2028 година правнуката на Мартин Лутер Кинг, Јоланда Рени Кинг ќе биде избрана за претседател на САД. Новата индустриска револуција ќе се случи во 2028.

Во февруари 2029 чипот „Единствен“ ќе биде вметнат кај луѓето и тие ќе бидат под постојана контрола на нивното здравје и на функциите на мозокот.

Ное за овој период зборува и за една војна – меѓу Северна Кореја и САД, како и за откривање на вонземјани и патување на човекот низ компјутерот што ќе го означи почетокот на бемсртноста на човековиот род.