Јапонската автомобилска компанија соопшти дека планира да повлече 150 000 возила , кои биле подвргнати на лошо тестирање , со што претрпе нов удар по апсењето на поранешниот претседател Карлос Госн.

,, Нисан неодамна во неколку точки утврди отстапување од стандардите , кои можеби во инспекциската постапка предизвика неточни оценки при задоволувањето на критериуми.” , се наведува во соопштението од компанијата.

Затоа Jапонците реѓија да повлечат дури 150 000 возила. Потврдуваат дека со лошото тестирање биле подвргнати кочници , брзинометри , кои подоцна се испратени во локалните погони за монтажа.

Ќе бидат повлечени десет модели , меѓу кои и електричните типови Note и Leaf, како и компактните автомобили March и Cube, произведени меѓу декември минатата и октомври оваа година.