По големото невреме што беснееше на брегот на Хрватска, една од најпознатите плажи на светот, „Златниот ‘Рт“ на јужниот брег на островот Брач го променила својот изглед. Како што пишува локалниот портал болинфо.хр, силниот ветер и морските струи го свртеле врвот на плажата кон запад и тоа ќе биде така се додека струите или ветерот што се спушта од планините повторно не го исправат до првобитната положба, односно да биде свртен кон градот Бол.

Како што пишува болинфо.хр, а тоа го потврфуваат и фотографиите кои ги направи фотографот Рони Маринковиќ, „најдобро се гледа дека чудото на природата какво што е Златниот ‘Рт се темели во неговата чудесна убавина на промената, во неочекуваните измени на обликот, изгледот и доживувањето“.

Златниот ‘Рт е заштитен природен и геоморфолошки феномен. Неговите плажи се долги околу 400 метри, а во средината има густа борова шума. Плажата многупати е оценувана меѓу најубавите во Европа, па и во Светот.

Фото: Рони Маринковиќ / болинфо.хр
Фото: Рони Маринковиќ / болинфо.хр
Фото: Рони Маринковиќ / болинфо.хр
Фото: Рони Маринковиќ / болинфо.хр
Фото: Рони Маринковиќ / болинфо.хр