Дуото Некст тајм вечерва во Драмскиот театар го промовираа спотот за нумерата “Нешто ќе те питам бабо“. Станува збор за македонска народна песна, овој пат преработена во модерен рок ритам.

По „Слушам кај шумат шумите“ и „Ѓурѓо“ дуото одново преработува традиционална песна на што публиката одлично реагираше.

Премиерната изведба на песната никого не остави рамнодушен и беше поздравена со громогласен аплауз од присутните со извици „Македонија“.

На промоцијата дојдоа голем број од колегите на Стефан и Мартин. Тука беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Јохан Тарчуловски, игуменот од манастирот Бигорски, Партениј, Влатко Лозановски, ракометарот Столе Стоилов, како и Комитите.