Кон крајот на 2018 година бразилските медиуми открија дека фудбалската ѕвезда Нејмар најверојатно има нова девојка. Играчот на ПСЖ во октомври се раздели со долгогодишната пријателка Бруна Маркезине, а новите гласини го поврзуваат со Мари Таварес.

Дваесетгодишната убавица е мошне популарна на социјалните мрежи. На Инстаграм таа има повеќе од 192.000 следбеници, а нејзиниот профил е полн со нејзини фотографии во костими за капење. Тоа не е изненадување, зашто позирањето во оскудна облека за на плажа е основната професија на Мари Таварес.

Новиот избор на Нејмар е релативно позната и на каналот Јутуб каде има поддршка од 5.000 фанови. Еден од нејзините најпопуларни клипови е како да си направите селфи, но за да го разберете, ќе мора да знаете португалски.

 

Исто како Нејмар, и Мари е љубител на тетоважи.