На 49 години, манекенката  Наоми Кембел се соблече  за фотосесија сред пустината во Кенија и сподели  фотографии  во Instagram.

Голата слика не е случајна, бидејќи неодамна во интервју за британскиот Vogue таа изјави дека покрај нејзината убавина и статусот на топ-модел, биле потребни години за да добие самодоверба, да си го сака своето тело и да се чувствува добро во него.

„Ми требаше долго време да го прифатам моето тело и да се чувствувам пријатно во мојата кожа. Тоа е самодоверба што доаѓа со возраста. Вистината е дека едвај неколку години се чувствувам навистина во мир со себе и својот изглед. Отсекогаш имав комплекси и бев несигурна“, рече Кембел.