Под нозете на посетителите, напукна стаклениот балкон на највисоката зграда во Чикаго.

Инцидентот се случил во почетокот на неделава на 103-тиот кат на зградата каде се наоѓа опсерваторијата Skydeck, од каде посетителите може да го видат целиот град и езерото Мичиген.

„Тогаш на балконот имаше жена и две деца и беа пребледени и преплашени бидејќи подот под нив почна да пука“, рече Хесус Пинтадо кој објави видеоснимка од местото на настанот.