Во градот Чунцин на 23 август е одржана посебна свеченост по повод роденденот на Синсин, пандата која наполни 37 години, што е еквивалент на човечки 100.

Бабата панда доби растителна торта и својот роденден го прослави во зоолошката градина во друштво на стотина свои фанови.

Пандата Синсин е родена во 1982 година и е најстара во светот, меѓу оние кои се чуваат во зоолошки градини. Таа го предводи матријархатот на огромно семејство од 137 панди. Нејзини деца се распрснати по целиот свет во повеќе од 20 држави и региони.

Според вработените во зоолошката во Чунцин, пандата Синсин се наоѓа во добра физичка состојба, иако од време на време има проблеми со зголемен крвен притисок. Синсин тежи 98 килограми и секој ден јаде по 30 киклограми бамбуси, еден килограм јаболки и фуражни растенија.