Врвот на компанијата Пошре донесе одлука според која следната генерација на моделот „Макан“ ќе се нуди исклучиво во електрична варијанта, како силна поткрепа на моделот „Тајкан“.

По одличниот старт на хибридната „Панамера“ на крајот на оваа година пристига електричниот „Тајкан“, а потоа и „Тајкан Крос Туризмо“. Со почетокот на новата деценија ќе сведочиме и на нова генерација на „Макан“, и тоа во потполно електрично издание.

Ќе се произведува во Лајпциг, каде преку 4.000 работници обезбедуваат годишен капацитет на производство од дури 90.000 возила.

„До 2022 година ќе инвестираме преку шест милијарди евра во електромобилност и до 2025 година веќе секое второ возило на Порше би можело да има електричен погон. А во следните десет години ќе се фокусираме и на погонска мешавина од оптимизирани бензиски мотори, „плаг-ин“ хибридни модели и спортски возила на потполно електричен погон, појаснува Оливер Блум“, првиот човек на Порше.

Целта на Порше е да стане предводник во технологијата, додаваат од компанијата.