Македонија е меѓу земјите од Европа во кои октомври бил особено сушен и речиси без капка дожд.

На мапата на американската Национална администрација за истражување на океаните и атмосферата, Македонија е во црвено, заедно уште со Грција, делови од Романија, Шпанија, Романија.

Според агенцијата, овој октомври во делови на Европа паднало за 50 проценти помалку дожд отколку што е нормално, а меѓу земјите од нашиот регион најпогодени се Македонија и Грција.

Голема сушта е регистрирана во северна и во централна Европа која почна уште од ланската пролет при што се забележани рекордно ниско ниво на водостоите, како што е на пример нивото на Рајна. Од друга страна во делови на северна Европа заради сушата и невообичаено високите летни температури имаше големи шумски пожари.