Поранешната сопруга на Дарко Лазиќ, со кој се уште не се законски разведени вели дека тешко и паѓаат обвинувањата дека не е заинтересирана за неговото опоравување. Ана Севиќ демантира дека е во лоши односи со родителите на Дарко.

Ана вели дека се уште не е разведена бидејќи Дарко не се појавувал на рочиштата, но дека видела колку сегашната вереница Марина го сака и дека тоа е за почитување.

Сепак најголема тага и предизвикува ќерката Лорена која постојано прашува за татко си.

Лорена не знае за несреќата и никогаш нема да дознае. Таа е доволно голема да доживее шок ако дознае и доволно мала да не разбере што се случило. Кога ќе ме праша за Дарко и велат дека е на пат и таа ми верува бидејќи и онака тој стално настапуваше и ништо не се сомнева- објаснува Ана.