Еднократна финансиска помош до крајот на март, протоколи за работа на угостителските објекти кои нема да бидат дискриминирачки во однос на музичарите … се основните барања на шесте активни музички здруженија од земјава на чело со „Музика сега“. Во спротивно тие излегуваат на протести, пишува Радио слободна Европа.

Музичарите се замолкнати. Имајте слух за нивниот молк! Тој силно знае да одекне.

Ова е пораката што на денешната средба со медиумите во Скопје ја упати Кординативното тело на шесте сродни музички здруженија до институциите на власта. Во него од крајот на јануари годинава членуваат Здружението за унапредување на правата на музичарите „Музика сега“, Здружението на естрадни уметници – Скопје, Охридски музички еснаф, Естрада – Битола, Естрада – Струмица и Сојузот на професионални музичари – Скопје.

Во своето обраќање пред се до Владата тие велат дека „нивниот молк е потврда дека музичарите навистина ја разбираат состојбата во која се наоѓа целиот свет, како и нашето општество и држава“. Од таму сметаат дека „тој молк воедно е и крик кој треба да го слушнат сите, а пред се` оние кои неправедно оваа група на граѓани ја имаат заборавено и ставено на маргините“.

Целиот текст овде.