Македонскиот народен театар со претставата „Разговори во четири очи“ ќе гостува на 6. Интернационален театарски фестивал „Московски ноќи“, кој од 5 до 9 октомври ќе се одржува во Митишчанскиот театар за драма и комедија „Фест“ во Русија.
Претставата е по текст на Ингмар Бергман, адаптацијата е на Тамара Барачков, а режисер на претставата е Нина Николиќ.
„Разговори во четири очи“ е копродукција меѓу МНТ и продуцентската куќа „Скопје филм студио“. Премиерата на претставата беше во декември 2015 година. Оттогаш, покрај изведбите на матичната сцена, „Разговори во четири очи“ гостуваше на повеќе театарски фестивали во Русија, Словачка, Белорусија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и во Македонија.
Главниот лик во претставата (Ана Бергман) го игра актерката Амернис Нокшиќи-Јовановска, а во останатите улоги настапуваат: Нина Деан, Петар Арсовски, Дамјан Цветановски, Дарја Ризова, Катина Иванова и Благој Веселинов.
Comments are closed for this post.