Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот „Младите доаѓаат” на кој ќе настапат учениците од државните музички училишта.

На програмата се дела од Хајдн, Пихл, Штамиц, Моцарт, Глук, Сен-Санс и Григ. Како солисти ќе настапат: Софија Михајловска – пијано (VIIодд., класа: проф.м-р Ана Трајановска), Огнен Златанов – контрабас (IIгодина, класа: проф.м-р Благој Маротов), Јосипа Василевска – флејта (Iгодина, класа: проф. Николина Ефтимова Тодоровска), Виктор Рафајловски – пијано (IIIгодина, класа: проф. Катерина Фидановска Ќетковиќ), Теодора Пејиќ -соло пеење (IIIгодина, класа: проф.Александра Коцевска), Магдалена Дрмач – виолончело (I година, класа: проф. Александра Јаневска) и Гоце Златев – пијано (I година, класа: проф. Славица Мицевска).

Концертот „Младите доаѓаат” ќе го води местро Сашо Татрчевски.

Роден во Битола каде се здобива со основно и средно музичко образование. Дипломира и магистрира на ФМУ Скопје на катедрите за хорско и оркестарско диригирање а посетува и мајсторски курсеви во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Санкт Петербург и Сартеано. Настапувал со различни ансамбли, а освен на сцените низ Македонија има настапувано и освоено награди со различни ансамбли во Португалија, Словенија, Шкотска, Белгија, Грција, Швајцарија, Шпанија, Хрватска, Италија, Србија, Бугарија, Чешка, Турција, Австрија, Романија, Полска и Русија. Татарчевски е редовен член на неколку жири комисии на интернационални хорски натпревари како и раководител на меѓународниот хорски форум во Струга.