Младинскиот културен центар (МКЦ) в петок, на 22 јануари во 18 часот на социјалните мрежи ќе го прослави Роденденот на уметноста, овој пат, поради ситуацијата со ковид-19 виртуелно.

Роденденот на уметноста е настан со кој МКЦ веќе неколку години наназад ја започнува годината. По сето сработено во изминатата 2020, по толку многу онлајн-настани, по речиси целосно ‘дигитализирање’ и на културата и на нашите животи, решивме ова издание на Роденденот да го одбележиме со еден избор од онлајн настани организирани од/во МКЦ, во текот на 2020 година. Нормално, со надеж дека 2021 ќе ни донесе нормализирање на ситуацијата и враќање на публиката во живо. Закажуваме виртуелна средба на 22 јануари (петок), со почеток од 18 часот на социјалните мрежи на МКЦ, велат од МКЦ.