Младинскиот културен центар (МКЦ) в петок, на 22 јануари во 18 часот на социјалните мрежи ќе го прослави Роденденот на уметноста, овој пат, поради ситуацијата со ковид-19 виртуелно.
Роденденот на уметноста е настан со кој МКЦ веќе неколку години наназад ја започнува годината. По сето сработено во изминатата 2020, по толку многу онлајн-настани, по речиси целосно ‘дигитализирање’ и на културата и на нашите животи, решивме ова издание на Роденденот да го одбележиме со еден избор од онлајн настани организирани од/во МКЦ, во текот на 2020 година. Нормално, со надеж дека 2021 ќе ни донесе нормализирање на ситуацијата и враќање на публиката во живо. Закажуваме виртуелна средба на 22 јануари (петок), со почеток од 18 часот на социјалните мрежи на МКЦ, велат од МКЦ.
Comments are closed for this post.