Министерката за кутура, Ирена Стефоска на својот фејсбук профил се прости од македонскиот актер и продуцент Данчо Чеврески.

Со големо жалење ја примив веста за смртта на нашиот еминентен театарски, филмски и телевизиски актер и продуцент Данчо Чевревски.
Данчо Чеврески беше еден од големите сонувачи на македонскиот театар и филм, творец кој со својот децениски професионален влог остави неизбришливи траги во македонската култура. Неговиот придонес во развојот на македонската театарска уметност, многубројните улоги остварени на сцените на нашите театри, како и неговите антологиски филмски ролји во најзначајните остварувања во македонската кинематографија, но и во поранешна Југославија, се само потврда дека загубивме голем уметник, кој беше гордост на нашата држава. За респект е и неговата педагошка активност на Факултетот за драмски уметности, каде со голема посветеност и љубов едуцираше генерации актери и режисери.

Со големо жалење ја примив веста за смртта на нашиот еминентен театарски, филмски и телевизиски актер и продуцент Данчо…

Posted by Irena Stefoska on Friday, October 30, 2020