Американецот Тајлер „Нинџа“ Блевинс (27) е професионален играч на видео-игри и месечно заработува до 500 000 долари за да ја игра видео игри Фортнит, и тоа најчесто го прави од креветот.
Овај среќник на „Јутјуб“ има 22 милиони претплатници,а на Instagram и Twitch стриминг платформа го следат 14 милиони луѓе. Списанието „Тајм“ го стави на листата на 100 највлијателни луѓе.
Бидејќи овој 27-годишник стана идол и културна икона на тинејџерите низ светот, компанијата за компјутерски игри „Electronic Arts“ (EA) во март му плаќала по еден милион долари на ден само за да игра новата видео игра, „Apex Legends“.
Во текот на првиот месец, играта почнале да ја играат повеќе од 50 милиони играчи.
Но, ова се уште е далеку од популарноста на „Fortney“, видео игра која Тајлер и го должи статусот на ѕвезда. Играта има 250 милиони активни играчи.
Сепак, славата и успехот имаат своја цена.
Тајлер во едно интерју се пожалил дека, за да се задоволат потребите на својата публика, мора да игра дури 12 часа на ден. Ако изостане само еден ден, тоа значи загуба од неколку илјади долари. Така неодамна, поради патување од неколку дена, изгуби 100 илјади претплатници, или 500 илјади долари во приходи.
Comments are closed for this post.