Се до вчера арената „Борис Трајковски“ беше резервирана за странски бендови и пејачи. Речиси и да не се сеќаваме кога македонски бенд ја наполнил оваа сала. Тоа им успеа на „Меморија“ и за тоа секоја чест.

Перо Камиказа и другарите повеќе од два часа ги пееја своие хитови. Почнаа завршија со легендарната „Македонија“ на која гордо се вееше нашето знаме.

Најголема еуфрија имаше и на „Оган под звездите“ создадена кога голем дел од присутните не биле родени.

Но, добро е што се создаваат нови генерации кои сакаат македонска музика и кои ги ценат вредносите.

„Меморија“ звучеше македонски и светски. Можеби по „Метрополис “и „Борис Трајковски“ за некоја година не е недостижен и најголемиот стадион. Кој знае, се е можно.