Maкедонци не можеле да направат концерт.!Тоа го можат само Срби и Хрвати. Овој мит го разби групата „Меморија“ со синоќешниот концерт во арената „Борис Трајковски“.
Настапот беше чист „Мade in Macedonia“. Македонски бенд, македонски гости, прекрасна публика. Многу млади кои не биле ни родени кога настанале „Оган под ѕвездите“, „Нена“, „Жане Снежана..“. Бендот звучеше моќно, навежбано и хитовите се редеа еден по друг.
Двата пејачи кои се дел од групата, Поце и Ристо Самарџиев одбележаа дел од 40 годишниот период на „Меморија“.
Гостите беа совршено одбрани, од Ареа, до Дани, Сара Мејс и Андријана Јаневска.Сите заедно онака женски ја испеаја „мотори“.
За крај следуваше „Дирлада“ која станува веќе евергрин и која ја знае и старо и младо.
Comments are closed for this post.