Претседателот на САД, Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп разговарале на телефон со деца на католички Бадник за тоа каде точно се наоѓа Дедо Мраз.

Меланија Трамп во еден повик рекла дека Дедо Мраз се наоѓа во Сахара, додека неколку минути подоцна на уште едно дете му рекла дека се наоѓа во Мароко, но дека ќе пристигне навреме да им ги остави подароците наутро.

Трамп од друга страна запраша 7 годишно дете дали сè уште верува во Дедо Мраз.