Светски познатиот боксер Мајк Тајсон во едно телевизиско шоу раскажа една необична случка од својот приватен живот.

Мајк раскажува неколку дена пред да ги поднесе документите за развод од сопругата Робин Гивенс отишол ненајавен во нивниот поранешен заеднички дом на „секс за збогум“ кога таму – холивудскиот заводник.

Сепак, боксерот прецизира дека не ги фатил среде сексуален чин, туку јасно било што ќе следувало доколку не се појавел.

Пит се скаменил кога го видел, но Тајсон вели дека тоа воопшто не го чуди. Тајсон, кој има добро мсилење за актерот, вели дека овој целиот издрогиран го молел да не го удира.

Кога ме виде, пребледе. Јасно се гледаше дека е на дроги, почна да ме моли да не го тепам, вели порашениот шампион во рингот.

Боксерот бил во брак со Робин само една година, од 1988 до 1989. Потоа таа кратко се забавувалс о Пит, кој набрзо ја замени со Џенифер Анистон. На нејзино место, пак, по пет години, дојде Анџелина Џоли, која сѐ уште му е законска сопруга на Пит.

Триесет години подоцна Тајсон вели дека Пит е добар човек и дека нема ништо против него.