Американскиот ланец за брза храна „Мекдоналдс“ во Австрија им се извини на Италијанците за мафијашката рекламна кампања што го налути италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини,пренесува ДПА.
Рекламата за нови производи инспирирани од Италија покажува фотографија од хамбургер покрај слоганот „За вистински мамфи“ – игра со зборови од германскиот глагол „мамфен“ (џвакај ) и „мафиоти“ (членови на италијански криминални организации).
„Немавме намера да ги навредуваме Италијанците на кој било начин и искрено се извинуваме на секој што се чувствува повреден“, рече портпаролот на компанијата.
Comments are closed for this post.