Актерката Ен Хатавеј се појави на црвениот тепих со сета своја раскош. Холивудската звезда, која е бремена со своето второ дете, се определи за шик виолетов фустан за свечен настан во Њујорк.

Свечениот фустан нежно го потенцираше стомакот. Ве потсетуваме дека минатиот месец актерка сама ги објави добрите вести на Инстаграм.