„Медена земја“ е избран за македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“.
Одлуката ја донела Комисијата за избор на македонски кандидат за „Оскар“, а е одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.
Филмот „Медена земја“ е во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов.
Во конкуренција за кандидати за Оскар беа и филмовите „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска, „Еј“ во режија на Васил Христов, „Дедо и внук“ во режија на Илија Пиперковски, „Боите на Преспа“ во режија на Перо Попов и „Џезмен“ во режија на Аљоша Симјановски.
Comments are closed for this post.