Поп иконата Мадона денеска го прославува својот 61 роденден, но тоа што навлегува во седмата деценија не ја спречува и понатаму да настапува и да работи под полна пара.
Контраверзната кралица на поп музиката постојано ја фасцинира јавноста, а нејзината животна приказна е сé само не обична. Мадона пред два месеци го издаде својот нов албум под наслов „Мадам Икс“, што е увертира за турнејата која ја почнува на 12 септември во Њујорк, а за која на големо се подготвува.
Мадона на својот Инстаграм профил се пофали и покажа како изгледа еден ден на ѕвезда која се подготвува за настапи.
„Супер е што се подготвувате за нас, Мадам“, напишала една обожавателка, а Мадона и одговорила: „Сакам моите гости да бидат задоволни“.
Погледнете колку поп кралицата еластична:
Comments are closed for this post.